Map Graph

Грамаѓе (Слепче)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Слепче. Претставува населба од хеленистичко време. Се наоѓа на 200 м североисточно од селото, каде биле откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, а биле најдени и монети. Една монета на Филип II се чува во Заводот и музеј во Битола.

Read article